Конечно таму каде и што му е место на Јуве, на самиот врв на табелата…
Јуве продолжува со одличната серија победи и синоќа жртва на одличната игра беше Џенова. Дека Џенова не е наивен состав и дека со право котира доста високо говори и нивниот играчки кадар. Но, синоќа немаа ниту најмала шанса да го покажат тој свој квалитет, секако благодарение на Бјанконерите, кои во моментов се наоѓаат во исклучителна форма.
Се почесто се радуваат
Пред почетокот на натпреварот на Дел Пиеро му беше доделена награда за фудбалер на месец Октомври. И со право, со оглед на тоа што капитенот беше творец на скоро сите победи.
Il grande capitano
Што се однесува до самиот натпревар, Јуве не и даде ни најмала шанса на Џенова да помисли дека ќе го напушти Торино со барем еден бод. Уште во шестата минута Григера беше прецизен по што беше сосема полесно. Беше комплетно уништена почетната стратегија на Џенова, а со оглед на тоа што Милито (дефинитивно најопасниот во редовите на Џенова) едвај и да се составуваше со топката (благодарејќи на Кијелини и Легротаље), сосема јасно беше дека Џенова повеќе нема што да бара.
Чесите го прославија голот на Григера
Потоа следеа головите на Амаури (26 минута) и на Јакинта кој само што го замени Амаури во 82 минута, по само неколку минути постигна гол. Потоа следеше пенал за Џенова, кој Милито успешно го претвори во погодок и во тие моменти беше 3-1. Но, едно типче кое доаѓа од нашион јужен сосед успеа само да ја погоди својата мрежа и на крајот мечот заврши со конечни 4-1.
Уште еден слободен удар на мајсторот што завршува во мрежата на противничкиот голман. Овој пат токму на неговиот роденден…Си поклони одличен подарок за неговиот 34 роденден.
Алесандро Дел Пиеро е човекот кој го носи она прекрасно чувство кое надоаѓа после победа на тимот кој го сакате над некоја јака екипа.
Прва на списокот беше Рома…АДП одмараше на дуелот со Болоња (се играше на средината на минатата недела) за да може да го даде својот максимум против Рома. Така и беше…Дел Пиеро беше (како и секогаш) Il capitano и вистински лидер во победата над Волчицата, во која и самиот учествуваше кога ја најави победата со прекрасно изведениот слободен удар.
Втори на списокот беа (сега веќе слободно може да се каже) нашите “Кралски” пациенти…Синоќа “Кралевите” го напуштија со наведнати глави и својот стадион, како и Олимпико од пред 14 дена. Човекот кој сам го победи Реал беше кој друг ако не Алесандро Дел Пиеро, фудбалерот кој на двете утакмици од овогодинешната Лига на Шампиони на три пати го совлада големиот Икер Касиљас.
Работеа неговата левица и десница, со кои по еднаш го совлада Икер, а имаше шанса и да постигне хет-трик, но од тоа го делеа само сантиметри.
Како и да е, АДП синоќа покажа дека е и за секогаш ќе биде легенда на клубот, но и општо на фудбалот, а за тоа најдобро говореа аплаузите и овациите кои му ги приредија фановите на Реал додека ја напушташе играта.
Одлична вест е што “лошото момче” Тиаго конечно почна да го покажува она поради кое и беше доведен во Јуве. Успеа да сврзе три комплетни утакмици во кои прикажа одлична игра и после кои (се надевам) ќе има загарантирано место во стартните 11.
Синоќа се играше второто вонредно коло од Серија А. Јуве и гостуваше на Болоња од каде се враќа со полн плен, со што сега заостанува зад водечките Удинезе и Наполи 5 бода.
Херој на мечот
Фудбалерот, кој со своите два гола му ја донесе третата победа во низа во сите натпреварувања (Реал, Торино, Болоња) на Јуве, беше Недвед, кој надополнет со одличната игра на дефанзивецот Мелберг и Тиаго, кој можеби го изигра својот најдобар натпревар во дресот на Јуве, беа преголем залак за екипата на Болоња.
Одлична партија на Викингот
Првиот гол “чешката машина” го постигна во 12 минута по еден одличен соло продор, додека вториот гол беше чиста случајност. Недвед од “мртов” агол ја уфрли топката во шеснаесетникот, каде голманот на Болоња сам ја упати топката кон својата мрежа. По овој резултат Болоња тргна поактивно кон голот на Јуве, што резултираше со погодокот на поранешниот фудбалер на Јуве, Марко Ди Ваио. Резултатот 1-2 стоеше на семафорот по последниот свиреж на судијата.
Кризата е минато!?
Јуве влезе во одлична серија од 3 победи во низа, што значи излез од кризата и враќање на самодовербата. Веќе овој викенд ќе ја пречекаме “ранетата” Волчица. Несомнено, секој дуел измеѓу Јуве и Рома носел со себе интересен натпревар, па тоа нема да биде исклучок ни сега, без оглед на моменталната форма на едните или другите.
По четирите натпревари без победа од кои последните два беа порази, конечно Јуве успеа да освои цел плен и тоа против лутиот градски ривал Торино.
Погодокот на Ама
Јуве го контролираше мечот, но тоа не значеше дека и Торино нема свои шанси. Голот дојде во 60 минута, а стрелец беше човекот кој со досегашните пет погодоци е најефикасниот фудбалер на Јуве.
Карваљо де Оливеира Амаури
Но, малерот и понатаму продолжува…
И овој натпревар не помина без повредени фудбалери. Овој пат дури тројца фудбалери се “запишаа” на листата на повредени. Де Чеље, Григера и Салихамиџиќ се фудбалерите кои се неизвесни за вонредното коло кое се игра веќе во среда. Јуве и гостува на Болоња.
Вечерва во 20:30 часот Јуве игра со екипа која после Интер е најомразена од Бјанконерите. Јуве вечерва ќе фигурира како домаќин на торинското дерби, што значи дека на Олимпискиот стадион во Торино ќе преовладува црно-белата боја.
Од оправдани причини блогов паузираше одреден период, но сега би требало да си биде по старо, односно продолжува со навремено информирање.
Во меѓувреме се случија неколку лоши резултати, почнувајќи од гостувањето кај Сампдорија. На тој дуел Јуве беше подобар противник, но Сампдорија успеа да му скине два бода на Јуве, ремизирајќи 0-0. Потоа следеше шокот во Лигата на Шампионите од дебитантот во ова натпреварување БАТЕ Борисов. Најверојатно понесени од домашната атмосфера фудбалерите на БАТЕ уште во првото полувреме поведоа со 2-0, но Јакинта беше тој кој го израмни резултатот на 2-2 и обезбедувајќи бод за Јуве. По ова второ коло од ЛШ следуваа два последователни порази во Серија А. Палермо и Наполи беа тимовите кои на најдобар можен начин ја искористија кризата во клубот од Торино. И двата клуба со идентичен резултат од 2-1 беа подобри од Бјанконерите.
Евидентно беше дека во клубот постои криза и покрај тоа што Раниери и комплетната управа го негираа тоа. Се огласи и Џон Елкан (внукот на Ањели) кој најави дека доколку Јуве киксне и против Реал дека Блан, Секо и Раниери ќе си заминат, а на нивно место ќе бидат доведени други луѓе. Но, нивните глави за кратко се спасени со оглед на одличната победа над најтрофејниот клуб во Лигата на Шампионите, Реал Мадрид.
Il Capitano по голот против Реал
Но, дали и играта против Реал беше на задоволително ниво. Доколку се практикува играта од вториот дел, кога Реал комплетно не наби во шише, тогаш лошо ни се пишува. Но, победа си е победа и тоа не против било кого, туку против големиот Реал.
Немоќта на Касиљас
Дали по оваа победа над Реал ќе издржат “главите” на Раниери, Блан и Секо останува да се види. Нареден сериозен тест е веќе овој викенд против најомразениот ривал, после Интер, а тоа е Торино.
Последни коментaри